Детектор: И Македонците и Албанците сметаат дека Македонија има најлоши односи со Бугарија

 

Во регионот, според граѓаните најлоши односи имаме со Бугарија, покажува последното истражување на Институтот за политички истражувања Скопје.


Ваков став делат 64,6% од анкетираните. Следи Грција со 9,2%, Албанија со 3,4%, Србија со 2% и Косово со 1,2%.

Интересно е што ова е едно од ретките прашања за кои Македонците и етничките Албанци имаат исти ставови. И двете групи се на ставот дека Бугарија е земјата со која имаме најлоши односи во регионот. Разликата е што кај Македонците вакво мислење делат 71,6% од анкетираните а кај Албанците 42,5%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници

11.06.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега