Денот на Џејмс Бонд одбележува 60 години од првиот филм

Петти октомври е Ден на Џејмс Бонд, датумот на првиот филм за славниот британски агент од Тајната разузнавачка служба, со код број 007.Оваа година се одбележува 60-годишнината од премиерата на култниот серијал.

Првиот филм, „Доктор Но“, излезе на 5 октомври 1962 година, точно пред 60 години. Во него глумеше Шон Конери.Бонд го глумеа седум актери – Шон Конери, Дејвид Нивен, Џорџ Лејзенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.

Серијалот се фокусира на измислен агент на британската тајна служба, создаден во 1953 година од писателот Јан Флеминг, кој го прикажа во дванаесет романи и две збирки раскази.Актерите кои го носеа костумот на ликот – од неговото елегантно претставување до начинот на кој ги елиминира своите непријатели – ги врежаа своите имиња во филмската историја и станаа синоним за три едноставни зборови: Бонд. Џејмс Бонд.

Со цел да го прослави излегувањето на првиот филм, „Доктор Но“, официјалиот профил на Џејмс Бонд објави суперрез со сите Бондови додека се претставуваат, од Конери до Крег.

05.10.2022 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега