Денеска е Св. маченичка Агрипина

Света Агрипина потекнуваше од Рим.

Таму беше пораснала и уште многу млада целосно му се посвети на служење на Бога. Како христијанка беше мачена и пострада за време на владеењето на Валеријан (253-260).

По нејзината смрт три жени, некои христијанки Васа, Павла и Агатоникија го зедоа телото на маченичката и го однесоа на Сицилија, каде Бог даде преку моштите на света Агрипина да добијат исцелување многу луѓе што им приоѓаа со вера во нејзиниот небесен младоженец Христос.

06.07.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега