Дел од Скопје остана без вода поради дефект

 

 Зградите кај Скопјанка во Општина Аеродорм имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект од 17:00 часот, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што се посочува во соопштението, поради уличен дефект од ф150 милиметри на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бб (кај Скопјанка ), со прекинато водоснабдување од 17:00 часот ќе бидат корисниците на зградите од Скопјанка,

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отсранување на дефектот, информираат од претпријатието.

01.08.2022 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега