Дедо подметнал пожар - во полиција си го признал делото

Жител на Радовиш предизвикал пожар на местото наречено Раклишки чаири, во атарот на радовишкото село Раклиш, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.

Тој вчера бил повикан во Полициската станица Радовиш на службен разговор, каде што го признал делото.

Според информациите, се работи за Ф. Б. (70) од Радовиш, кој се сомничи дека на 19.9.2023, во 17 часот, го предизвикал пожарот.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. За случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.09.2023 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега