Дедо 227 часа бил под урнатините, извлечен на безбедно

 

 

Спасувачите во Турција успеаја да извлечат постар маж од урнатините 227 часа по разорниот земјотрес.

Ќамил Кекец (74) денеска беше извлечен од уништената зграда во која беше заробен од 6 февруари кога разорниот земјотрес ја погоди Турција.

Тој итно бил пренесен во болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Да потсетиме, повеќе од 41.000 луѓе загинаа во земјотресот во Сирија и Турција, пренесе „Телеграф.рс“.

15.02.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега