ЦУК предупредува: Можно е излевање на Крива Река и Пчиња кај Пелинце
Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка и на реката Пчиња во Пелинце забележан е висок водостој, информираат од ЦУК.
„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња.“-информираат од ЦУК.
ЦУК исто така известува дека е забележан зголемен водостој и на реката Пчиња во Пелинце. „Предупредуваме за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња, а истовремено заради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции.“-додаваат од таму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа