Црвена Младина: Сон нема да имате ако ова го изгласате

„До Црвена Младина пристигна информација дека ректорската управа на УКИМ сериозно дискутира и најавува дупло покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите новозапишани студенти“, вели преку соопштение, младинското движење на политичката партија Левица.

„Како што не известуваат студентите, веќе на одредени факултети им најавиле дека цената за партиципација за државна квота на додипломски студии би изнесувала 200 до 400 евра, наместо досегашните 100, а за приватна квота од 400 до 800 евра.

Заложбите на Левица и Црвена Младина во однос на ова прашање се јасни и концизни: бесплатно образование за сите, без скриени трошоци!

На ректорската управа на УКИМ им најавуваме – сон нема да имате, ако ова го изгласате!! Студенти, младино, спремете се за борба – ова нема да помине“, велат од Црвена Младина.

26.01.2024 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега