Четврти ден од потрагата по малата Данка, багери, полицајци и пожарникари околу куќата

 


Четврти ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во приградската населба Бањско Поле, во близина на градот Бор, во Србија. 

Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека мајката одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а на мајката и бил одземен мобилниот телефон.

Полицијата завчера околу 17:30 часот го прекина претресот на теренот.

„Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаа. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Синоќа се појави вест дека тројца мажи се уапсени во Босна и Херцеговина. Според медиумите, тие на Тикток објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и барале пари во замена за оваа информација. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека еден од нив рекол дека Данка е во неговиот подрум. Како што се дознава, тие на распитот рекле дека само се шегувале.

29.03.2024 - 08:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега