Чеферин: Наесен пак фудбал пред полни стадиони

 

Завршницата на Лигата на шампионите покажа дека фудбалот повторно може да се игра пред публика, а ако се продолжи по тој терк и на Европското првенство, тогаш наесен стадионите би можело повторно да се полни, оцени претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

„Знаевме дека да играш без публика е досадно, па беше силна емоцијата повторно да видиш публика на стадионот“, рече Чеферин мислејќи на финалето на ЛШ на „Драгао“ во Порто.

Тој напомена дека сите се придржувале на протоколите во Португалија.

„Тој натпревар покажа дека полека се враќаме во нормалност и ако на ЕП сѐ се одвива како што треба, тогаш наесен стадионите би требало повторно да се полни, ако јас се прашувам“, вели Словенецот.

Што се однесува на скорешниот почеток на ЕП и присуството на публика, покажа неизвесност кога се работи за мечевите што ќе се играат во Велика Британија и Германија.

„Германија и Велика Британија се проблем поради новите соеви на коронавирусот, па тешко е или речиси невозможно без карантин да се патува. За среќа, тоа се менува од ден на ден, па ќе видиме што ќе се случува до почетокот на првенството“, рече Чеферин изразувајќи оптимизам поради сѐ поголемиот број вакцинирани.

03.06.2021 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега