Целото семејство на Данка Илиќ на распит во полиција


Мајката, таткото и другите членови на семејството на исчезнатата Данка Илиќ (2), по кого полицијата трага веќе седми ден, и денеска се во полиција за да одговорат на прашања во случај да имаат информации кои би можеле да помогнат во текот на истрага.

„Во вакви ситуации сосема е оправдано родителите, членовите на семејството, пријателите и другите лица со кои се блиски и кои имале информации за животните околности, во повеќе наврати да бидат во полиција, бидејќи можат да дадат корисни информации со цел утврдување на мотивот и расветлување на сите други околности на настанот“, објаснуваат извори за „Телеграф“.

Некои од нив како што пренесува медиумот во полициска станица останале и по неколку часа.

Медиумот потсетува дека родителите и роднините на малата Данка од нејзиното исчезнување и објавувањето на системот „Најди ме“ секојдневно се во полиција.

Денеска почна потрагата по дивата депонија кај селото, а откако отпадот беше отстранет, багерот копаше по околното земјиште.

Во истрагата за исчезнувањето на Данка се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена на кое се гледаат две Романки со девојче кое наликува на Данка. Амбасадата на Србија ги повикува сите кои ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција. Во меѓувреме, Интерпол објави меѓународна потера.

Се работи за жолта потрага, односно потрага по исчезнати лица. Во овој случај, податоците може да се менуваат секој час, односно да се ажурираат.

01.04.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега