Целосен енергетски колапс: Црна Гора, Босна и делови од Хрватска останаа без струја

 

Околу 12 часот и 25 минути цела Далмација остана без струја, а прекин на струја е забележан и во Босна и Херцеговина. Целото подрачје на Црна Гора остана без струја.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, многу острови... Се чини дека струја практично нема во цела Далмација.

Струја нема ниту во Славонија. Станува збор за Славонски Брод и Винковци.

Засега нема информации од ХЕП. Во еден момент падна и веб-страницата на ХЕП, пренесе Индекс.

Без струја во Босна и Херцеговина и Црна Гора

Низ Босна и Херцеговина граѓаните пријавуваат прекини на струја. Според Klix.ba, поголемиот дел од Босна и Херцеговина останал без струја, вклучувајќи ги Сараево и Зеница.

Струја нема во Бања Лука, Прњавор, Котор Варош, Дервента...

Речиси целата област на Црна Гора е без струја поради прекини на мрежата, соопштија од ЦЕДИС, пренесува Вијести.

Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица...

Побједа јавува дека избувнал пожар на еден од далноводите. Нема струја, наведува и Зета.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши, пишува Побједа.ме.

21.06.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа