Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ

 

Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ. Ова е големата вест која ја соопшти лидерот Али Ахмети на прес-конференција, најавена од вчера.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање денес во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „ Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“

Тој ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.

Во текот на вчерашниот ден речиси сите партии излегоа со кандидатите за претседатели.

22.02.2024 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега