Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

 

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада.

Ова го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, на брифинг на кој извести за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада, извести „БНТ.бг“.

„На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските неонацисти. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата“, посочи Милков.

Според бугарскиот шеф на дипломатијата, доколку Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

„Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РСМ во ЕП“, потсети тој.

Обвини дека Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немале доверба во македонските институции, а поплаките што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат, добиваат негативен резултат.

 

27.01.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега