Бугарија ги користи тензиите меѓу Србите и Албанците за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово
Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство. Особено на удар се Бошњаците и Горанците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава „нови Бугари“ токму со доделување државјанства и бугарски документи, оценува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, во анализатата „Србија - Косово 2023: Војна на дезинформациите“.
ИФИМЕС наведува дека Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година. Иако според методологијата на ОН при пописот на населението не е задолжително да се каже етничката и верската припадност, во Косово, но и во регионот, тоа изјансување е од најголем (национален) интерес.
- Бугаризацијата на Косово се интензивираше токму поради пописот, бидејќи Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следен чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се барајќи од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н немнозинските заедници во Косово, се истакнува во анализата на ИФИМЕС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа