Брнабиќ: 40 лица се сослушани, никој нема да биде заштитен

 

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека 40 лица се сослушани во врска со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и додаде дека обвинителството го презело случајот и си ја врши работата, а нема да има заштитени лица.
„Сите си ја работат својата работа и тоа е најважното во овој момент. Голема благодарност до припадниците на МУП, спасувачите кои маестрално си ја завршија работата и кои секој пат ги ставаа во опасност своите животи за Србија и за граѓаните “, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.
Таа посочи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувал истата вечер кога се случила трагедијата, со јасна порака дека очекува политичка, но и кривична одговорност.

„Луѓето од опозициските тајкунски медиуми не можат да ги извртуваат неговите зборови и да ги игнорираат зборовите на претседателот“, рече таа.
Таа оцени дека очигледно има проблем во професијата и посочи дека нема да има заштитени лица.

03.11.2024 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега