Британските медиуми направија пресметки: Колку пари би добила Меган доколку се разведе од принцот Хари?
Меган Маркл и принцот Хари наводно размислуваат за разделба по неуспехот на неколку нивни проекти. Од смртта на кралицата Елизабета Втора тие не можат да заработат многу пари од нивните проекти.
Со оглед на се почестите гласини за разделба, британските медиуми почнаа да шпекулираат за економскиот договор за Меган, а се шпекулира дека има и предбрачен договор.
Според предбрачниот договор, Меган би добила 80 милиони евра за издржување на нивните деца Лилибет и Арчи, објави Дејли мејл.
Наводно односот меѓу сопружниците се влошил по пандемијата во 2020 и 2021 година поради финансиски проблеми, деловни неуспеси и економската рецесија, но и поради смртта на бабата и дедото на Хари, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора, што го спречило парот да постигне успех во деловните проекти.
Според страницата Podnews, тие добиле потврда од повеќе извори дека некои од интервјуата на Меган Маркл се лажни, т.е. дека не биле водени од неа, туку од нејзиниот персонал и дека нејзиниот глас кој поставува прашања бил додаден подоцна.
Во средината на јули, двојката го загуби договорот вреден 20 милиони долари со Spotify откако подкастот на Меган не генерираше доволно приходи за да се обнови за втора сезона.
Нивниот документарен филм „Хари и Меган“, кој ја следи љубовната приказна на парот поради медиумско вознемирување, не доби номинација за Еми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа