Британски медиуми: Борис Џонсон ја побарал титулата витез за својот татко Стенли

 

 

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја побарал титулата витез витез за неговиот татко Стенли Џонсон, како дел од почестите за пензионирање.

Според извештајот на „Тајмс“, списокот на номинации на Џонсон, кој во моментов е во фаза на ревизија на владата, содржи до 100 имиња и е значително подолг од списокот на неговите претходници на премиерската функција – Тереза ​​Меј и Дејвид Камерон.

Во 2021 година, пратеничката од ториевците Керолајн Нокс и една новинарка јавно го обвинија Стенли Џонсон, поранешен член на Европскиот парламент, дека ги допирал на конференциите на Конзервативната партија, пренесува медиумот.

Стенли Џонсон ги негираше инцидентите, велејќи дека воопшто не се сеќава на Керолајн Нокс, објави Гардијан.

Борис Џонсон се повлече од премиерската функција во септември минатата година.

06.03.2023 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега