Британија обвини: Русија ќе му даде на Иран воени компоненти во замена за беспилотни летала

Велика Британија ја обвини Русија дека има намера да му даде на Иран високотехнолошки воени компоненти во замена за стотици беспилотни летала, објави Ројтерс, повикувајќи се на британскиот министер за одбрана Бен Валас.

„Во замена за добивање на повеќе од 300 беспилотни летала камикази, Русија сега има намера да му обезбеди на Иран високотехнолошки воени компоненти, што ќе ја поткопа безбедноста и на Блискиот Исток и на глобално ниво“, додаде британскиот министер за одбрана. Тој не прецизираше за какви воени компоненти станува збор. Руското Министерство за одбрана и иранското Министерство за надворешни работи засега не ги коментираат неговите тврдења.

Велика Британија, заедно со нејзините западни сојузници, почна да обезбедува воена помош за Украина по почетокот на инвазијата, која Русија ја нарекува „специјална операција“ за демилитаризација на соседот и искоренување на националистите.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, претходно денеска му рече на иранскиот министер за надворешни работи дека Техеран треба веднаш да ја прекине воената поддршка за Русија. Иран призна дека ја снабдува Москва со беспилотни летала, но рече дека тие биле испратени пред војната во Украина.

 

20.12.2022 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега