Британец се качил на мост за да се слика, па трагично го загубил животот
26-годишен Британец загинал откако паднал додека се качувал на мостот Кастиља-Ла Манка во градот Талавера де ла Реина во централна Шпанија, јавува Sky News.
Макарена Муњоз, советник за безбедност во кабинетот на градоначалникот на Талавера де ла Реина, рече дека Британецот бил придружуван од 24-годишен маж, исто така од Велика Британија, и дека двајцата отпатувале во градот за да снимаат содржина за социјалните мрежи на мостот.
– Дознавме дека дошле во Талавера за да се искачат на мостот и да создадат содржина за социјалните мрежи, што доведе до овој несреќен и тажен исход – рече Муњоз.
Таа додаде дека искачувањето на мостот не е дозволено, а тоа градските власти го споменале неколку пати.
Мостот Кастилја-Ла Манка се наоѓа на реката Тагус и е отворен во 2011 година. Висок е 192 метри и содржи 152 јажиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа