Борел во Пекинг: Нарушена довербата меѓу Кина и ЕУ
Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, во Пекинг изјави дека е нарушена меѓусебната доверба меѓу Европската Унија (ЕУ) и Кина.
„Довербата е основа на секој човечки однос, а меѓусебната доверба (меѓу Кина и ЕУ) е нарушена“, рече Борел во говорот на престижниот универзитет во Пекинг.
Европскиот функционер додаде дека треба да се работи на нејзино враќање.
Борел исто така рече дека трговскиот дебаланс меѓу ЕУ и Кина „не е само квантитативен, туку и квалитативен“.
Според неговото мислење, причина за тоа се тешкотиите со кои се соочуваат европските компании кога сакаат да пристапат на кинескиот пазар.
Борел вчера пристигна во Кина, а на дневен ред на посетата, меѓу другото, се одбраната на европската стратегија за намалување на ризикот и поставувањето на темелите за самитот ЕУ – Кина кон крајот на оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа