Бојмацалиев: Вложени 12.800.000 денари во европски работни услови во ОВР Ресен

 


Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски беше во работна посета на Ресен каде што оствари средби со раководствата на ОВР Ресен и полициските станици за граничен надзор „Маркова нога” и „Стење”, во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Бојмацалиев потенцираше дека со инвестирани 12.800.000 денари објектот на ОВР Ресен е дел од планот за квалитативно подобрување на условите за работа на полициските службеници, со што во континуитет докажуваме дека концептот задоволна полиција безбедни граѓани носи високи резултати.

Од страна на раководството на ОВР Ресен Бојмацалиев и Тасевски беа брифирани за постигнатите резултати на оваа организациска единица при што истата беше оценета како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.

„Од вкупниот број на регистрираните кривични дела во 2023 година, со непознат сторител пријавени се 25 односно 20%. Од делата пријавени со непознат сторител расветлени се 11 кривични дела со што е постигната ефикасност во расветлување од 44% на годишно ниво”, информираше Бојмацалиев, додавајќи дека во текот на извештајниот период е расветлено и едно дело од 2021 година.

„Во текот на годината се работеше и по ОА „Гора“ така што извршени се вкупно 21 акциска и 46 контроли од редовно работење при што затекнати и одземени се вкупно околу 66,2 м3 огревно дрво за што се поднесени и 6 кривични пријави по член 235 ст.3 , одземените дрва со записник за предавање на предмети се предадени на надлежни институции”, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев истакна дека како и во изминатите години интензивно се работеше и на превенција.

„Основната цел на превентивното работење во текот на 2023 година беше насочено кон граѓаните, со интензивирање на активности за создавање на подобра комуникација, развивање на партнерство и размена на информации, се работеше согласно принципот „Соработка на полицијата со заедницата“.

При тоа беа реализирани тековните проекти на МВР, кои се однесуваа на овој принцип на работа, „Полицијата и граѓаните - заедно“”, рече Бојмацалиев, изразувајќи го своето уверување дека колегите од ОВР Ресен ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период. 

22.03.2024 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега