Богоев: ВМРО-ДПМНЕ ги нуди истите луѓе кои во 2020 година беа поразени и истите кои беа трет ешалон во времето на Груевски

„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат подршка во изборната единица и согласно анкетите ги носиме кадровските одлуки викендов на Конгрес. ВМРО ДПМНЕ од понудата која што ја дава за носители, не е ништо ново, истото од 2020 година, екипа која беше поразена и екипа која беше трет ешалон во времето на Груевски. Некаде на 2ри или 3ти април е краен рок за поднесување на кандидатските листи за пратеници во ДИТ. Ние викендов имаме конгрес.

Реномето на човекот, рејтингот, кредибилитетот кој ќе биде прв, втор, трет, се секако најважни. Да има застапеност во региони и родова застапеност и состав пратенички кој ке има сеопфатна понуда, да има од сите сфери на општественото живеење. Од друга страна истите луѓе кои 2020 ги поразивме и истите кои беа трет ешалон на Груевски сега се прв ешалон во ВМРО-ДПМНЕ и ги гледаме како носители,“ рече Стефан Богоев, директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ на ТВ 24, во врска со понудата на носители на пратенички листи.

Во врска со екс министерт Спасовски,и негово појавување како носител на листа, Богоев посочи дека анкетите ќе покажат и согласно кои ке се донесат заклучоците. „Изборите се тактика и стратегија,“ подвлече Богоев.

18.03.2024 - 22:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега