Боби Бојчевски: На ред се масовни протетси и штрајк

 

Претседателот на независниот синдикат на здравството при КСОМ, во интервју за Прес 24 вели дека досега министерството и владата остануваат глуви на нивните барања. Поради тие причини најавува масовни протести.

-Ако и понатаму сме игнорирани од Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, ќе превземеме радикални мерки. Здравствените работници и административно- техничкиот персонал се на последното скалило под нас е амбис. Ние само бараме достоинствен живот. Над нас се врши дискриминација. Дискриминација на луќето кои пред две години беа херои на 21- от век, а сега се само заборавено минато, вели во интервју за Прес24, Боби Бојчевски, претеседател на независниот синдикат за здравство.

Иако е поранешен функционер на сегашната опозициска партија, негира каква били вмешаност на политиката во барањата на здравствените работници.

-Овој синдикат, нема никаква партиска позадина, а во него членуваат членови од различни идеолошки структури, различни вери и нации. Во 2023 година, поточно од 04.07.2023 година, се вклучив во Независниот синдикат при КСОМ се со цел да се слушне гласот на вработените во здравствениот сектор. Бидејќи сум вработен повеќе од 30 години, секојдневно слушајќи го гневот на вработените, решив да бидам гласник. Од се срце сакам да ги повторам резултатите кои ги имав но овој пат во здравствениот синдикат, вели Бојчевски во интервјуто за Прес 24.

ПРЕС24: До кај се процесите кои ги почнавте како Синдикат во здравството?

БОЈЧЕВСКИ: Јас како национален координатор за здравство воедно и претседател  на независниот синдикат за здравство кој е во Конфедерација на Синдикални организации во Македонија или КСОМ, пред два месеци поднесов барање до Министерството за Информатичко општество каде што како синдикат бевме примени. Во текот на преговорите со Министерот и со советниците на М.И.О, разговаравме за проблемите на колективниот договор и за негово ревидирање. Министерот не упати во Ј.З.У каде заедно со работодавателот ќе го ревидираме колективниот договор и ке го испратиме до М.И.О, а во врска со платите не упати во Министерството за здравство. По завршување на состанокот имавме прес каде што јавно ги искажавме барањата кои ги имаме. Нашите барања се: зголемување на месечните примања за 30%, нов колективен договор, бенефициран стаж, зголемување на инфективниот додаток и трансформација на работните места. Министерството за здравство и Владата на Република Македонија дури и по летните одмори останаа глуви на нашите барања, па затоа на 13.09.2023 поднесовме барања во писмена форма до Министерството за здравство и Претседателот на Владата на Република Македонија. Рокот за да се произнесат се седум дена односно до 20.09.2023, но со оглед на тоа дека веќе крај на септември горенаведените институции се уште не се произлезени во врска со нашите барања.

ПРЕС24: Што според Вас е најголемиот приоритет во барањата?

БОЈЧЕВСКИ: Од наша страна поднесени се 5 барања кои ни се приоритет во нашата област. Овие барања се брзо решливи но само за тој што сака да ни ги исполни. Како што знаеме има галопирачка инфлација, а платите ни се под просечните односно плата со која НЕ МОЖЕ еден работник да има достоен живот. За здравствениот сектор и административно- техничкиот персонал, оваа 2023- та година луксуз им беа многу голем број работи кои во минатото им беа секојдневни.

ПРЕС24: Имате ли дијалог со надлежното министерство? БОЈЧЕВСКИ: Поминати се повеќе од 7 дена од крајниот рок за произнесување. Се надеваме дека во најбрз временски период истите ке се произнесат со нашите барања. ПРЕС24:Во која форма би го продолжиле притисокот ако нема резултат?

БОЈЧЕВСКИ: Ако и понатаму сме игнорирани од Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, ќе превземеме радикални мерки. Здравствените работници и административно- техничкиот персонал се на последното скалило под нас е амбис. Ние само бараме достоинствен живот. Над нас се врши дискриминација. Дискриминација на луќето кои пред две години беа херои на 21- от век, а сега се само заборавено минато. Како што може некои да имаат покачување за 78%, ќе може и 30% за здравствените работници и административно- техничкиот персонал. Наредни се масовните протести и штрајк.

ПРЕС24:Вие бевте истакнат член на сегашната опзициска партија, кога таа беше власт, дали овој синдикален притисок сега има политички печат?

БОЈЧЕВСКИ: Во минатото бев носител на високи партиски функции во ВМРО- ДПМНЕ со кои до ден денес се гордеам, а пропратно се гордеам и на резултатите кои сум ги постигнал. Поради семејни причини од октомври 2016 година се повлеков од сите функции и се посветив целосно на семејството. Веќе подолг временски период НЕ сум активен. Овој синдикат, нема никаква партиска позадина, а во него членуваат членови од различни идеолошки структури, различни вери и нации. Во 2023 година, поточно од 04.07.2023 година, се вклучив во Независниот синдикат при КСОМ се со цел да се слушне гласот на вработените во здравствениот сектор. Бидејќи сум вработен повеќе од 30 години, секојдневно слушајќи го гневот на вработените, решив да бидам гласник. Од се срце сакам да ги повторам резултатите кои ги имав но овој пат во здравствениот синдикат.

ПРЕС24: Со години сте во здравството. Како го оценувате неговиот развој овие 30 години?

БОЈЧЕВСКИ: Како што напоменав претходно, јас сум во здравството повеќе од 30 години и во тие 30 години сум ги поминал сите скалила. По ковид кризата ова наше здравство не е исто ко порано. Тоа полека стагнира и оди удолу. но за се тоа има причини: - Немање на континуитет во Министерството за здравство, - Менување на министри на краток временски период и истите не можат да ги завршат реформите кои ги започнале, - Негативна партиска селекција. На здравството му е потребно кадар и континуитет во буџетот, а не експерименти.

ПРЕС24: Колку во овие години беша пресудни политичките влијанија во здравството да го имаме сега овој резултат?

БОЈЧЕВСКИ: Политичките влијанија се големи, а во тоа зема замав негативната селекција. Поради ниските месечни приходи, докторите специјалисти започнаа политичка кариера, а згора на се имаме и масовно напуштање и иселување на здравствените работници. Сето ова влијае на здравствениот систем.

ПРЕС24: Кои според Вас сега се најголемите предизвици за македонското здравство?

БОЈЧЕВСКИ: Еден од најголемите предизвици е зголемувањето на платата на здравствените работници и административно- техничкиот персонал, се со цел да се задржат тие луѓе во јавното здравство. Трансформацијата на времените работници кои се млади кадри, од времен работен однос на неопределен работен однос. Зголемен дефицит на здравствените работници и административно- техничкиот персонал. Вложување во едукација на здравствените работници, вложување во нова апаратура, нови и современи клинички центри, поликлиники и здравствени станици. Здравствените работници и административно- техничкиот персонал се херои на 21- от век. Работат за минимална плата која е под просечната се со цел да останат во својата татковина и да служат на народот.

ПРЕС24: Може ли вакво, какво што е сега здравството да се носи со квалитет?

БОЈЧЕВСКИ: Моменталната состојба во здравствениот систем е на најниско ниво но и покрај ваквата состојба ние се уште имаме квалитетен и стручен кадар со кои Јавното здравство може да се гордее.

ПРЕС24: Неодамнешниот скандал на Клиниката за Онкологија одекна како експлозија на и така слабата доверба што граѓаниет ја имаа кон  јавното здравство. Како да дојде до здрава доверба кон лекарите и кон здравствените институции?

БОЈЧЕВСКИ: Во претходни разговори напоменав честото менување на министрите за здравство и негативната селекција доведоа до колапс на здравството. Како производ на овој колапс е ОНКОЛОГИЈА. Од човечки и хумани гледања, тоа е срам и нехумано. Овие луѓе се изроди. Што е можно побрзо да се реши случајот за онкологија и да се затворат сторителите но пропратно истите да бидат јавно објавени со име и презиме. Да не доведеме мала група на здравствени профитери да го зацрнат образот на 22.000 вработени во здравството. Уште еднаш ќе напоменам, здравствените работници и административно- техничкиот персонал кои работат во јавното здравство се ХЕРОИ на 21- век.

26.09.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега