Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада зголемување на воените капацитети за 30%

 


НАТО планира да побара од европските сојузници и Канада да ги зголемат залихите на оружје и опрема за околу 30% во наредните години, објави „Блумберг“.

Во моментов, се разгледуваат нови цели за воените капацитети на членките на Алијансата, кои ќе ги заменат претходните, дефинирани пред руската инвазија на Украина.

Овие цели треба да бидат усвоени до почетокот на јуни.

Тој период министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат во Брисел.

21.03.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега