Битолчанец од балкон со пушка пукал во куче


Вчера во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. одзеле воздушна пушка.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

18.04.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега