Битиќи најави раст на платите до 20 отсто во наредните месеци

 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објави на фејсбук дека просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија, според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари.

Битиќи најави дека ќе продолжи растот на платите на работниците и во наредните месеци.

- Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, најави Битиќи.

22.05.2023 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега