Бислимовски: Од полноќ ќе има поевтинување на горивата
Денеска ќе се намалат цени на нафтените деривати, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски,
Бислимовски рече дека во изминатата недела немало некое значително движење на цените на светските берзи но поради промените во курсот на доларот ќе има одредено намалување. Дизелот ќе поевтини за 1,5 денари, а бензините за 1 односно за 1,5 денари.
Бислимовски додаде дека РКЕ не измислува цени туку дека се води по цените на референтните берзи. Изрази надеж дека трендот на намалување на цената на суровата нафта ќе продолжи и дека нема повторно да имаме високи цени како во летото и во текот на октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа