Бијонсе ја изостави Лизо во стиховите по бомбастичната тужба
Бијонсе не ја спомнува Лизо во својата песна Break My Soul откако тројца поранешни танчарки на раперката поведоа тужба против неа.
Поп-дивата (41) ја отпеа Break My Soul (ремикс на Квинс) во Фоксборо, Масачусетс, без да ја спомене Лизо, која се соочува со голем скандал, повторувајќи го името на Ерика Баду наместо нејзиното.
Првично, текстот на песната беше: „Розета Тарпе, Сантиголд (Вог), Беси Смит, Нина Симон (Вог), Бети Дејвис, Соланж Ноулс, Баду, Лизо, Кели Роул „знаеш дека можеш да го направиш тоа“ (You know you can do it).
Во видеото на „Твитер“, кое го сними фан, Бијонсе пее: „Бети Дејвис, Соланж Ноулс. Баду, Баду, Баду, Баду“.
Фановите веднаш ја забележаа промената, многумина ја пофалија, а други бараа Лизо да не биде изоставена.
Лизо е цел на повеќе тврдења за наводно малтретирање на своите вработени откако три нејзини поранешни танчарки поднесена тужба против неа.
Во тужбата, поднесена во вторникот (1 август), триото танчарки тврди дека ги подложила на голем срам со своето ужасно и понижуваччко однесување. Тие тврдат дека ги принудувала да јадат банани што вират од вагината на сексуални работнички во текот на патување во Амстердам.
Повеќемина од поранешните вработени на рперката потоа се огласија во прилог на тужбата против Лизо.
Неколку часа откако трите танчараки се појавија со обвинувањата, нејзината поранешна креативна директорка Квин Витни Вилсон и танчарката Кортни Холинквест тврдеа дека доживеале сличен третман.
Кортни на својот „Инстаграм“ во вторникот напиша: „За појаснување, јас не сум дел од тужбата – но, ова беше и мое искуство додека работев таму“.
„Голема пофалба за танчарките што имаа храброст да го изнесат ова на виделина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа