Без публика: МВР превзема мерки за одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово

 

Министерството за внатрешни работи велат дека се презема соодветни мерки за беспрекорно одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу Република  Македонија и Република Косово 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. 

Министерството за внатрешни работи, исто така, ја информира јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид – 19. 

„Воедно, уште еднаш, ги информираме граѓаните дека, согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата. 

 

До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано“ стои во соопштението од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега