Без голови во првото полувреме – Македонија игра добро
Без голови заврши првото полувреме од натпреварот Македонија – Словенија на Националната арена „Тодор Проески“.
Македонија игра одлично, а капитенот Горан Пандев имаше една одлична шанса со глава да го совлада Облак. Сепак, по се изгледа не очекуваше топката да стигне до него, па не се снајде најубаво.
Притисокот речиси целото полувреме беше на половината на Словенија, но засега македонските фудбалери не можат да ја стресат мрежата на Словенците.
Инаку, ова е прв натпревар во пандемијата на која присуствуваат и навивачите. Владата дозволи на Националната арена да присуствуваат околу 10.000 навивачи, односно 30 отсто од капацитетот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа