Без договор во владината коалиција нема интонирање на химната во училиштата
Без политички договор меѓу коалициските партнери нема интонирање на химната во училиштата. Министерката за образование, Весна Јаневска доработениот Закон за средно образование повторно ќе биде испратен во Собрание до крајот на месецот, откако претходно беше повлечен поради амандмани од ДУИ. Европскиот се противи на еден од членовите кој предвидува интонирање на државната химна.
Јаневска вели дека неколку одредби за кои сметаат дека треба да се доработат, по што конечно решение може да се очекува помеѓу 20 и 25 јануари.
-Во овој момент разговараме со нашите коалициони партнери, но јас повеќепати кажав дека како одговорен министер и како одговорна влада нема да дозволиме политиката да ги запре процесите во образованието. Оттука сметам дека „не е голема греда“ тој член да се изостави особено затоа што во оваа држава никој никому не може да забрани да ја слуша, интонира и пее химната на овие што сакаат, рече Јаневска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа