Без брашно, јајца и печење: Чоколадна торта од само три состојки
Чоколадната торта е омилено уживање во многу домови. Дали знаевте дека можете да го направите без класични состојки како брашно и јајца?
Обидете се со едноставен рецепт без печење, направен од само три намирници - чоколадо, кокосово млеко и овесна каша.
Состојки:
375 мл кокосово млеко
220 грама овесна каша
170 грама црно чоколадо
Подготовка:
1. Исечете го чоколадото на мали парчиња.
2. Загрејте го кокосовото млеко на шпоретот.
3. Истурете го кокосовото млеко врз сецканото чоколадо и оставете го да се стопи околу две минути.
4. Мешајте додека не се стопи чоколадото и добиете еднолична смеса.
5. Ставете ја овесната каша во смесата со чоколадо и измешајте сè добро.
6. Смесата префрлете ја во плех за торта.
7. Оставете тортата да се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер да се олади три до четири часа додека не се згусне.
8. Се сече на парчиња и се сервира. Наздравје!
Погледнете го видеото за да видите како се прави оваа торта од само три состојки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа