Белоруската војска на готовност, Лукашенко почна проверка

 

 

Почна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти тамошното Министерство за одбрана.

„Денеска, по наредба на шефот на државата, почна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на највисоко ниво, степенот на борбена готовност, како и подготвеноста на воените единици за извршување на задачите во наведениот рок“, се наведува во соопштението.

За време на проверката на готовноста предвидено е движење воена опрема, можно е привремено ограничување на движењето на цивилни возила на патиштата.

03.04.2023 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега