Бектеши: Северна Македонија дава целосна поддршка за возобновување на енергетскиот сектoр на Украина

 

Северна Македонија дава целосна поддршка за возобновување на енергетскиот сектoр на Украина, истакнал министерот за економија Крешник Бектеши на билатералната средба со министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) што се одржува во Загреб.

Двајцата министери, како што информираат од Министерството за економија, разговарале за актуелни прашања за билатералната енергетска соработка, како и за градење на регионалната коалиција за енергетска безбедност наспроти тековната руска воена агресија против Украина.

Министерот Бектеши нагласил дека Северна Македонија целосно ги поддржа сите сакнции на Европската унија против Русија и ќе ги поддржи сите санкции кои ќе бидат превземени во иднина.

- Ние како држава даваме целосна поддршка за Украина и воено и финансиски, но и во енергетскиот дел. Ние ја даваме целата поддршка која е потребна за возобнување на енергетскиот систем на Украина. Северна Македонија согласно можностите ќе учествува во сите напори за реконструкција на енергстскиот сектор на Украина. Ние сме на ваша страна, посочил министерот Бектеши на средбата со неговиот украински колега.

На состанокот присуствувал и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

01.03.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега