Барањето на Ѓоковиќ за влез во САД е одбиено бидејќи тенисерот не е вакциниран

На светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ му е забранет влез во САД бидејќи нема примено вакцина против ковид-19, па затоа изгледа ќе ги пропушти мастер турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на твитер-профилот објави дека неговото барање било одбиено.

„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи тоа и да му дозволи да игра во нашата земја“.

05.03.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа