Бајден се повлече од претседателската трка - ѝ даде целосна поддршка на Камала Харис

 

Актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден се повлече од претседателската трка и ѝ даде целосна поддршка на американската потпретседателка, Камала Харис. 

Во објава на социјалните мрежи рече дека до крај ќе се фокусира на мандатот. 

-Мои колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и да ја фокусирам целата моја енергија на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат. Мојата прва одлука како партиски кандидат во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој потпретседател. И тоа беше најдобрата одлука што сум ја донел. Денес сакам да ја понудам мојата целосна поддршка и поддршка за Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи - време е да се собереме и да го победиме Трамп. Да го направиме ова, вели Бајден.

21.07.2024 - 20:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега