Бајден по убиството во Нашвил: Американскиот Конгрес да донесе забрана за носење огнено оружје
По нападот во училиште во градот Нешвил, Тенеси, во кое загинаа шест лица, меѓу кои три деца, американскиот претседател Џо Бајден го повика американскиот Конгрес да донесе забрана за носење огнено оружје.
„Мора да направиме повеќе за да го запреме оруженото насилство. Тоа ги распарчува нашите заедници. Повторно го повикувам Конгресот да усвои забрана за оружје“, изјави Бајден во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Жената која пред да биде ликвидирана упаднала во училиштето со најмалку две автоматски пушки и пиштол, соопшти полицијата.
Со оглед на тоа што Претставничкиот дом на САД е контролиран од републиканците, усвојувањето на кој било нов закон за безбедност на оружје е малку веројатно оваа година, според влијателни конгресмени, пренесува медиумот.
„Уште колку деца мора да бидат убиени пред републиканците во Конгресот да усвојат забрана за јуришно оружје или да воведат обврска за чување на оружјето на безбедно“, праша портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа