Бајден: Не сум загрижен поради обелоденувањето на документите, не се објавени нови информации

 

 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не е загрижен за објавените документи на Пентагон бидејќи, како што вели, во нив нема ништо ново.

„Не сум загрижен за истекувањето, загрижен сум за тоа што се случи. Сепак, ништо ново не е објавено, за што не сум запознаен“, рече тој за време на тридневната посета на Северна Ирска и Република Ирска, пренесува Ројтерс.

Претходно „Вашингтон пост“ објави дека 20-годишен љубител на оружје, кој работел во воена база, е одговорен за откривањето на доверливи американски документи.

Според американскиот весник, оваа личност споделила доверливи информации на платформата „Дискорд“ во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесува Ројтерс.

13.04.2023 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега