Бајден: Не поддржувам напади врз иранските нуклеарни постројки

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, денеска изјави дека нема да поддржи израелски напад на локации поврзани со иранската нуклеарна програма како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел.

„Одговорот е не“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран во вторникот истрела речиси 200 балистички проектили врз Израел, според АП.

Американскиот претседател денеска разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека лидерите на Г7 „категорично го осуди иранскиот напад врз Израел“.

02.10.2024 - 21:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега