Бајден го напушти Киев по пет часа

 

Американскиот претседател Џо Бајден го напушти Киев, каде што престојуваше повеќе од пет часа во ненајавена посета на која се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Светот стои со вас“, рече Бајден за време на неговата посета на Киев.

Тој вети дополнителна американска помош од половина милијарда долари, како и помош во оружје.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на посетата Бајден, разговарал со него за „оружје со долг дострел и оружје што може да се испорача, а кои сè уште не се доставени во Украина“.

Зеленски истакна дека посетата на Бајден е исклучително важен сигнал за поддршка на Украина и Украинците, како и дека Бајден и американското општество се заедно со Украина од самиот почеток на војната во целосен обем што ја започна Русија, пренесува украинскиот Интерфакс.

„ Првиот телефонски повик со поддршка за Украина беше од Белата куќа. Ви благодариме за вашето лидерство. Ви благодариме за вашата двопартиска поддршка, за поддршката на Конгресот“, рече Зеленски.

20.02.2023 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега