Автобусите на ЈСП утре нема да возат - Град Скопје пак не им дал плата на возачите

Утре повторно нема да функционира градскиот превоз. Возачите на автобуси се уште не земале плата поради што најавуваат дека утре наутро нема да излезат да возат со автобусите.
Од Град Скопје и од ЈСП не може да се добие информација зошто повторно не им се исплатени плати и покрај тоа што Советот на Град Скопје им одобри пари кога го имаа истиот проблем минатиот месец.
Тоа значи дека сите кои утре планираа со автобус да одат на работа, треба да си најдат алтернативен превоз.

Автобусите на ЈСП не возеа истиот период минатиот месец. По штрајкот наутро, Советот донесе одлука со која има исплати субвенции по што тие го прекинаа протестот.
Ситуација во поради штрајк на возачите на ЈСП главниот град останува без јавен превоз е новост во метрополата. Пред мандатот на градоначалничката Арсовска во кој ЈСП штрајкуваше неколку пати, автобусите на јавниот превоз никогаш не останале во гаражите, дури и тогаш кога Скопје било погодено од земјотреси и поплави.

15.02.2024 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега