Автобус со 40 деца на Алпите се преврте, повредени 21 лице
Најмалку 21 лице е повредено во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел по падина и завршил во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.
Возачот и сопатникот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.
„Децата се добро“, изјави тој за АП.
Регионалниот обвинител започна истрага, а градоначалникот рече дека најверојатното сценарио е дека возачот имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.
Локалните власти за француските медиуми изјавија дека при падот на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа