Австриски власти: Откривме руски шпион кој шпионирал за руската воена разузнавачка служба ГРУ

 

Австриските власти објавија дека откриле осомничен руски шпион. Според информациите станува збор за 39 годишен грчки државјанин со руско потекло кој е осомничен дека неколку години шпионирал за руската воена разузнавачка служба ГРУ на  штета на Австрија.

Од Министерството за внатрешни работи на Австрија велат дека, осомничениот кој моментално е во бегство пренесувал информации за надворешно-политичкиот социјален и безбедносен дискурс во Австрија, поврзани со руската инвазија на Украина. Според австриската новинска агенција АПА, осомничениот  за кој се вели дека  поминал специјална воена обука во Русија, е син на поранешен руски разузнавач кој бил стациониран во  Германија и Австрија за време на неговата дипломатска служба.

Австриските власти се сомневат дека осомничениот ги пренесувал информациите за проценка на одговорот на странските земји за руската инвазија во Украина, бидејќи непосредно пред почетокот на инвазијата тој бил во Москва  и бил во контакт со дипломати и разни разузнавачки служби.

Кај осомничениот пронајден е  детектор за сигнал за откривање на уреди за слушање и скриени камери, а запленети се и мобилени телефони и компјутери со вкупно десет милиони датотеки.

19.12.2022 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега