Австриската полиција се огласи за снимката од девојчето кое наликува на исчезнатата Данка

Австриската полиција се огласи за видеото на кое се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка. Помина повеќе од една недела од исчезнувањето на малата Данка, на која и се губи секаква трага во Бањско поле, на истокот на централна Србија.

„Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали исчезнатото девојче е на видеото“, изјави денеска за Клајн Цајтунг портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих.

Тој рече дека австриската полиција се уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од видеото со помош на достапната технологија.

„Човекот кој ја направи снимката е сослушан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да ги пронајде девојчето од видеото и двете жени со кои било во друштвото. Истрагата е во тек и нашите детективи добро напредуваат. Штом ќе имаме нови информации веднаш ќе ја информираме јавноста“, изјави портпаролот на виенската полиција.

02.04.2024 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега