Авион си вртел неколку круга, па едвај слетал на скопскиот аеродром - и Шеќеринска „заглавила“ во него
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска имала проблеми синоќа да слета во Скопје, а тоа утрово го потврди и преку нејзиниот профил на фејсбук.
Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија.
Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.
05.07.2023 - 14:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа