Атентат врз украинска политичарка: Ја застрелале во главата, лекарите се борат за нејзиниот живот

Денеска непознато лице пукало во поранешната пратеничка во украинскиот парламент и ултрадесничарска политичарка Ирина Фарион.

Засега не се знае дали истрелот бил фатален, а Фарион била однесена со возило на брза помош, објави Укринформ.

Според очевидци, Фрион била застрелан во слепоочницата, а напаѓачот имал ракавици и оружје без придушувач.

Како што пренесуваат каналите Телеграм, Фарион е во критична состојба.

Фарион работела 30 години како професорка по украински јазик на Националниот универзитет во Лавов, а на крајот на минатата година била отпуштена од работа по изјавите во кои го доведувала во прашање патриотизмот на припадниците на украинската армија кои зборуваат руски и објавувањето на проукраински изјави и приватната адреса на е-пошта на еден студент на Крим, што доведе до негово апсење.

19.07.2024 - 20:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега