Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.
- Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите - истакна на средбата градоначалничката Арсовска.
Во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.
Град Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа