Апасиев: Очекуваме „косоваризација“ на државата
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека од Конститутивната седница во Собранието очекувањата се за „косоваризација“ на државата.
Прашан дали шесте пратеници од оваа партија ќе го поддржат Африм Гаши за нов претседател на Собранието, Апасиев рече дека тие ќе гласаат против.
-Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, невидена, само да не биде „косоваризиран“ повторно македонскиот Парламент, рече Апасиев.
Прашан зошто се противат Албанец да биде спикер во Собранието рече дека поради тоа што е против уставно да се зборува на друг јазик освен македонскиот.
-Нека зборува на македонски, тогаш можеме да правиме муабет. Сега вака нема да збори и повторно ќе воведеме противуставна двојазичност. Така, си ги гласавте патриотите, тоа ќе ви биде реалноста, рече Апасиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа