Антонов: Америка го отвора патот за трета светска војна
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека Америка го отвора патот за почеток на Третата светска војна. Разговорот за можноста Вашингтон да му дозволи на Киев да користи американски ракети за напад на руска територија, ја турка Украина да ги зголеми нападите врз цивилите, а Америка со вакви акции го отвора патот за почеток на третата светска војна.
Американската администрација упорно ги игнорира интересите на Русија. Денес се повеќе се зборува за можноста за гранатирање на руска територија со оружје со долг дострел. Само неколку политичари ја спомнуваат можноста за трета светска војна, со што локалните власти го трасираат патот кон тоа“, се вели во пораката на Антонов од руската дипломатска мисија во Соединетите Американски Држави. Тој нагласи дека Америка сè повеќе учествува во конфликтот во Украина, „прогресивно влечејќи се подлабоко и подлабоко во мочуриштето“ на овие непријателства.
Антонов оцени дека САД изразуваат „подготвеност да ја жртвуваат благосостојбата на американските граѓани“ со пренесување во Киев количества оружје и муниција во вредност од неколку милијарди долари „Киев е фокусиран на интензивирање на нападите врз обичните Руси, на нашите градови и села, дека разузнавачките информации течеле и продолжуваат да течат како река од Соединетите Американски Држави до Киев“, рече дипломатот, пренесува „Известија“.
Дополнително, продолжи Антонов, едноставно се премолчуваат предупредувањата на бројни американски воени и политиколози дека е невозможно украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги постигне своите цели со помош на балистички ракети ATACMS или друго оружје со долг дострел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа